Читална
Читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ е доста голема и пространа, сместена на 6-тиот спрат од Б блок. Во неа студентите имаат на располагање се што им е потребно за удобна работа – достапен е тоалет, а покрај тоа и тераса со столчиња каде може да се одморат и да уживаат во свеж воздух. Внатрешниот простор е добро организиран, со доволно маси и столови, секоја маса е опремена со прегради за приватност и концентрација. Просторијата е добро осветлена со природна светлина, што создава пријатна и мотивирачка атмосфера за читање, учење и подготовка на задачи.
