Биографија на архитектот на СД „Гоце Делчев“ Скопје

556886371 24383517174632415 8728054718701753284 n
Георги Константиновски

Георги Константиновски (Крагуевац, 12 септември 1930 — Скопје, 8 декември 2020) — македонски архитект.

Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година и припаѓа на првата генерација архитекти од овој факултет. По дипломирањето работел во Заводот за урбанизам и на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде до 1995 година ја завршил својата професионална кариера како редовен професор. Стручно се усовршувал во Израел, Белград и на Јелскиот универзитет во САД, а имал искуство и во престижни американски бироа како оние на Јо Минг Пеј и Хенри Коб. Тој е основач на архитектонската група „Андерграунд“ во Скопје и автор на бројни предавања и трудови за современа архитектура.Еден од неговите најзначајни и најпознати објекти е Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, завршен во 1969 година, за кој добил прва награда на архитектонскиот конкурс.

Архитектура на објектот

На 13 ноември 1969, на денот на ослободувањето на Скопје, започнала изградбата на Студенскиот дом во населбата Тафталиџе. Објектот бил проектиран со 4 блокови за 300 студенти во еден станбен блок. Во нив, собите се поделени на еднокреветни, двокреветни и брачни соби. Освен сместувачки капацитет, домот е изграден со простор наменет за спортски игралишта, библиотека, кујна и парк за одмор и рекреација.

Во текот на обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, архитектурата била во подем. Особено популарен стил во овој период бил модернизмот, со посебен осврт на бетонскиот брутализам, стил карактеристичен по тоа што се одразува со геометриски теми и груб бетон. Посебниот изглед на студентскиот дом го прикажува животот на студентите со посебни драматични детали и одлики.

блокови
0
легла
0
години постоење
0